Контакт

Daily news

Вработените од „Фени“ обвинуваат дека Синдикатот е продолжена рака на раководството кое е под истрага

Објавено пред

Доцна синоќа, Синдикатот на „Фени“ на огласната табла во фабриката закачил известување за вработените дека подготвува протест пред локалните филијали на банките кои иницираа предстечајна постапка за комбинатот без претходно да ги консултира вработените. Синдикатот преку огласната табла ги известува вработените и дека бара гаранации од премиерот Зоран Заев.

dobivaj vesti na viber

„Во врска со известувањето за протест што треба да го искажеме пред локалните филијали на Стопанска банка, Комерцијална банка и Силк Роуд банка кои се главните баратели за стечај (во Основен суд Велес по основ на стечајна апликација), ве известуваме дека вработените во Фени Индустри не заземаат страна и фаворити во продажбата на нашата компанија. Затоа ве информираме дека нашата основна цел и внимание се фокусирани на основниот наш интерес а тоа е банките да ни излезат а тоа е банките да ни излезат во пресрет и да лобираат до Владата на Република Македонија за нашите барања а тоа се: нашата компанија да не оди во стечај, да се исплаќаат платите во целост, да немаме прекин на работниот однос и за цело време до моментот на продажбата да имаме статус на вработените во нашата компанија. Исто така ќе бараме и писмена гаранција од премиерот и вицепремиерот на Владата на Република Македонија во врска со сите наведени барања“, стои во известувањето до вработените потпишано од претседателот на Синдикатот Ѓоре Палитов.

На крајот од известувањето има напомена во која Синдикатот ги замолува сите вработени за време на протестот да бидат во работна униформа. Кога ќе се одржи протестот Синдикатот не ги известува.

Ваквото известување предизвика револт кај вработените кои сметаат дека Синдикатот е продолжена рака на раководството кое со години ја носи фабриката во пропаст.

„Одлуката за протест Синдикатот не ја донел заедно со вработените туку најверојатно само во комуникација со раководство на фабриката кое отворено се залага за бугарската компанија ‘Енекод’. Нас никој не не праша дали сме согласни на протест. Претседателот на синдикатот Ѓоре Палитов дејствува како продолжена рака на раководството против кое се веќе поднесени кривични пријави. Дознавме дека додека нам ни кратат од платите, него му го зголемиле коефициентот за плата и му ветиле дека ако ја истурка работата ‘Енекод’ да ја купи фабриката, ќе му вработат член на семејството. Сите наши барања за протест досега тој ги игнорираше, а сега сам носи одлука за протест“, велат вработените укажувајќи дека имаат колеги кои што биле избркани од работа кога гласно ќе побарале да се организира штрајк.

Тие се револтирани што претседателот на синдикатот Палитов, на состаноците во фабриката го носи и претходниот претседател на Синдикат, Илија Хаџиниколов, кој бил разрешен поради проневера на 30.000 евра синдикални пари.

„На состаноците тој е најгласен во барањето вина за состојбата во ‘Фени’ кај сите други но не и кај раководството. Неговата снаа работи во сметководство во фабриката и тој добро знае кој е виновникот но од петни жили се труди да го заштити. Палитов ниту еднаш не ни објасни зошто му дозволува да доаѓа на состаноците“, велат вработените.

Синдикалецот Палитов е недостапен за коментар. Не одговара на мобилниот телефон.

Тој вчера до банките кредитори поднел барање за повлекување на предлогот за поведување стечајна постапка за „Фени“, а им доставил и одлука за организирање протест на што банките остро му одговорија дека само од нивната добра волја фабриката се уште не е изгасена.

„Врз основа на барање на привремениот стечаен управник и со наша претходна согласност како  кредитори, судот ни  овозможи да ги покриваме сите потребни трошоци за одржување не неопходните функции на „ФЕНИ Индустри“, вклучувајки ги сите трошоци за струја, мазут и останати неопходни трошоци по проценка на привремениот стечаен управник. Доколку ова не се случеше, „ФЕНИ Индустри“ ќе претрпеше огромни штети. Ниту досегашниот сопственик, ниту кој било друг субјект не беше подготвен да ги преземе овие обврски. Согласно претходно наведеното, евентуалното прекинување на претходната стечајна постапка ќе значи и прекинување на плаќањата од наша страна на овие трошоци, а целата одговорност за евентуални штети ќе падне на товар на сегашниот сопственик и на Вас како официјални претставници на вработените. Сакаме да потенцираме дека, без да располагате со какви  било релевантни информации за потенцијалните заинтересирани инвеститори Вие се обидувате да го опструирате овој процес“, стои во одговорот од банките кои уште еднаш нагласуваат дека стечајната постапка не е за да се затвори фабриката туку за изнаоѓање сериозен инвеститор и реорганизирање на друштвото за да може да функционира.

Против генералниот извршен директор на „Фени“ Јусуф Миракхмедов и против раководството кривична пријава поднесе малцинскиот сопственик БСГР, а Миракхмедов доби кривична пријава и од Финансиската полиција која не ја исклучи можноста од поднесување на уште кривични пријави за работењето во фабриката.

Во контрола на „Фени“ е влезена и Управата за јавни приходи од каде велат дека засега наодите се даночна тајна.

Рочиштето на кое ќе се одлучува за стечајот на „Фени“ е закажано за 13 ноември во велешкиот суд.

(М.И.П.)

 

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Коалицијата ВЛЕН најавува спектакуларен митинг во понеделник на плоштадот Скендербег – не добиле дозвола на митинг на Плоштад Македонија

Шефовите на изборната кампања на Коалицијата ВЛЕН денеска ја информираа јавноста за централниот митинг што ВЛЕН (ВРЕДИ) планира да го...

Свет23 минути

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува...

Македонија37 минути

Гордана Силјановска Давкова учествуваше на одбележувањето на 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76 годишнината од прогонството на Македонците од егејскиот дел на Македонија

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, на 20 април...

Регион3 часа

(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а...

Свет4 часа

Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок

Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им...

Македонија4 часа

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората...

Свет4 часа

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тестот за моќност на...

Македонија6 часа

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија6 часа

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија6 часа

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија17 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија18 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија18 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија18 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија23 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија23 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија24 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија1 ден

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија1 ден

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет1 ден

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...