Контакт

Daily news

Екранизирани автентични настани и биографии во фокусот на „Берлинале“ – мајсторски „оживеани“ Роми Шнајдер, Џон Калахан

Објавено пред

Од Берлин за „Макфакс“ Ана В.

dobivaj vesti na viber

Берлинската улица „Постдамер“ и објектите „Берлинпалас“, хотелот „Хајат“ и кино-салите во „Синемакс“ и „Синестар“ уште неполни четири дена ќе бидат во објективот на најважните филмски збиднувања во Европа и во светот. Иако без нагласена еуфорија, се чувствува кулминацијата на исчекувањето на добитниците на наградите, а уште три ноќи црвениот тепих на „Постдамер“ е отворен за фановите и филмските ѕвезди што ќе ја поздрават публиката.

Околните објекти и натаму се места за средби на филмските професионалци и можност за афирмација на некои кинематографии кои се домаќини на овие двочасовни коктели. Сè на сè, големата традиција на Берлинскиот филмски фестивал,  кој годинава го бележи 68. издание, не остава простор за грешки, па така високопрофесионалната организација наметнува чувство дека сè се одвива со една голема леснотија.

Почитта кон новинарите, кои ги има близу 2000 од целиот свет, е на прво место, така што според пропишаните протоколи, овозможена им е беспрекорна работа и хостирање во секоја смисла. Токму силата на седмиот печат на редовните прес-конференции од филмаџиите бара искрени и соодветни одговори на прашањата врзани за нивното дело, но и не ги поштедува од коментари доколку добие арогантен или воопшто не добие одговор.

А токму тука, во Берлин, гламурот не се манифестира како недостижна категорија со која кокетираат ѕездите, туку во духот и либералноста на самиот концепт на „Берлинале“, ѕвездите се доближуваат до публиката преку медиумите. Сепак, сврталишта места за работен ручек и забава на филмските ѕвезди се резервирани престижните кафе „Париз“ и ресторанот „Борхес“.

За фаворити и потенцијални добитници е секако рано да се зборува, но вчерашната проекција на новиот филм на Гас Ван Сант,  Don’t Worry, He Wont Get Far on Foot  со  Жоакин Феникс  и Марк Вебер,  ги собра сите атрибути на критиката – од речиси беспрекорно сценарио до одлични режисерски решенија. Драмата за авторот на анимиран цртеж и мајстор на духовитиот стрип Џон Калахан, човек кој наспроти својот хендикеп (на 21 година е сосема парализиран) успева да ја најде радоста на животот, е целовито филмско остварување, кое можеби во силната конкуренција на доминантните англосаксонски копродукции, но и изненадувањата што стигнуваат од азиските кинематографии се наметна високо пред очите на критиката.

На прашањата упатени до Ван Сант за филмот, тој не беше многу расположен да образложува, што стана предмет на забелешка од страна на новинарите. Актерот Жоакин Феникс, кој е на висина на задачата во карактерот на Калахан, пак, зборуваше за искуството и сложената постапка и посветеноста за да се извади оваа улога.

Работен во манирот на апсурдите на Тарантино, од Фарси стигнува филмот на Мани Хагиги, со наслов „Свиња“, што е вистинско освежување кога станува збор за филмови од овој дел од светот. Шармантна главна улога и сценарио за црна комедија, со естетика што ја нагласува традицијата на иранската иконографија, ѕвездите од овој филм беа дочекани со овации на дефилето од црвениот тепих.

Голем интерес предизвика и биграфскиот филм „3 дена во Квиберон“ ( 3 days in Quiberon) за драматичниот живот на легендарната актерка Роми Шнајдер. На режијата се потпишува Германката Емили Атеф, чија кариера во филмот е посветена токму на итражувањата на личните драми врзани за жените. Иако, филмот поради неговата преекстензивност во должината и повторувањето на кадрите губи од суштинската филмска наметливост, сепак неверојатната сличност на актерката  која ја игра Роми Шнајдер и посветеноста на ликот остави голем впечаток.

Филмот уште повеќе добива поени поради неговата актуленост во мигот кога и овој фестивал поттикнат од холивудските колеги ја поддржува кампањата за борба против предаторите во филмската индустрија. А токму Шнајдер и нејзината бурна биографија, која според едни ја позиционира во слаба личност која ќе подлегне пред славата и личните трагедии, но според други, пак, таа е силна личност која до последно се бори за да опстане во суровата филмска индустрија. Во интервјуто за „Холивуд репортер“ Атеф вели дека Шнајдер сигурно би била „една од оние кои би ги поддржале жените во борбата да не бидат жртви на сексуално вознемирување, иако таа самата ретко кога се разбудила без некого покрај себе“.

Уште еден филм базиран на веродостоен трагичен настан од 1976 година, кога е киднапиран авионот на релација Париз-Тел Авив. Стотина заложници ќе завршат во Уганда за време на диктатирата на Иди Амин.  7 Days in Entebbe на Жозе Падила е англиско-германска копродукција  која во манирот на овој режисер го користи овој настан за да го осветли апсурдот на насилството, стравот и деструкцијата. Одличен дизајн и работа на директорот на фотографија, моќни естетски решенија, оваа акциона драма со право го нашла местото во компетитовната програма на Берлин.

 

За време на одржувањето на фестивалот Берлинскиот копродукцискиот маркет, кој е дел од Европскиот филмски маркет, успеал да оствари 1300 средби, а „Еуроимаж“ додели три главни награди за поддршка на проекти за идната година.

Можност за презентација на глобалниот филмски маркет добија и македонските проекти „Жртва“ во режија на Марија Џиџева, „Сведок“ во режија на Митко Панов и „Враќање“ во режија на Катсриот Абдили.

Петчленото интернационалното жири предводено од германскиот режисер Том Тиквер, веројатн,о веќе ги издвојува потенцијалните добитници, но секако неизвесноста останува до самиот крај и завршната церемонија на затворањето на 68.издание на Берлинскиот филмски фестивал.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ2 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија3 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија5 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија5 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија5 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија6 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија6 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија16 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија17 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија18 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија18 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија19 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија20 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија20 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија21 час

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија21 час

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија21 час

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...