Контакт

Daily news

Лилјана Поповска: На Фиат му се случи „Глобал“, а мене „Музеј“

Објавено пред

Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска вели дека уцената и казната на ДОМ и на нејзе како претседателката е многу слична на онаа на ПЕИ и Фијат Цановски. Реакцијата на Поповска следи по изјавите на поранешниот премиер Никола Груевски, кој рече дека Поповска барала да се ослободи нејзиниот зет од притвор.

dobivaj vesti na viber

Преку соопштение, Поповска децидна дека „гревот“ на ДОМ бил тоа што сакале да ја напуштат коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Оттука прави споредба со случајот на Фиат Цановски – „На Фиат му се случи “Глобал“, а мене „Музеј“, вели Поповска.

Нејзината реакција ја пренесуваме интегрално:

„Се вклучувам во јавната дебата за тоа како да се дојде до правично општество, за да помогнам правдата во Македонија да си го најде патот, а чесните судии и обвинители да го вратат достоинството на професијата. Уцената и казната на ДОМ и на мене како претседателка е многу слична на онаа на ПЕИ и на Фијат Цаноски, иако со различни методи. „Гревот“ ни е што сакавме да ја напуштиме коалицијата. На Фиат му се случи “Глобал“, а мене „Музеј“.

Настрадаа шест невини луѓе, меѓу кои два члена од ДОМ, еден од нив мој зет за сестра, Перо Јосифовски, д-р по нумизматика и автор на вредни научни дела. Останатите беа исто така врвни стручњаци и посветени истражувачи на македонското културно наследство. За ова имам говорено и во Собрание и на други места, а случајот беше објективно проследен од „Академик“, „Фокус“, „КОД“ и „Телма“. Беше повод и за протести и петиција на археолозите, во одбрана на своите колеги и професија.

Еве ги фактите на кои се темели сомнежот за монтиран случај:

1) Во 2013 ДОМ настапи самостојно на локалните избори, доби 25.000 гласови, поднесе 36 жалби за изборни нерегуларности и се спремаше за самостоен настап на парламентарните избори во април 2014. За таа цел организиравме прослава на 8-години ДОМ на 16 февруари во преполна сала на МОБ и продолживме со промоција на Програмата.

2) По 10 дена, во зорите на 27 февруари, следеше нинџа-апсење на нашите членови и на останатите од „случајот“. Медиумите беа преполни со вести за „фатените крадци на артефакти“ од Музејот, со имиња и фотографии од луѓето, како и од „запленетите антички артефакти“ од претресот во домовите. Иронично и трагично е што беа прикажани грнчиња од Бит-пазар, сувенири од Австралија како лак и стрела, листови од дисертација со фотографии од монети и други глупости. Патем, уапсени беа токму оние што ја открија и пријавија кражбата во Музејот, во манирот на крадецот кој вика: фатете го крадецот!

3) На 23 март се одржа предизборна конвенција на Иванов за претседателски кандидат, на која се подели Отчет за сработеното од ВМРО-ДПМНЕ. На страна 154, во главата „Безбедност и внатрешни работи“, во набројаните успешни акции на МВР, стои: „Расчистена кражба во НУ Музеј на Македонија“, па се спомнуваат „виновниците“, меѓу кои и „поранешниот директор во музејот“, па некои небулози за најдени монети во нивните работни кабинети (а каде и би биле??) и сл. Значи, уапсените лица, без подигнато обвинение, а камоли судење, се прогласени за виновни и тоа е напишано и испечатено во стотици илјади примероци на партискиот Отчет. Школски пример за монтиран процес! Подоцна, во обвинението не се споменува ништо од ова, измислени се сосем други „дела“, а кражбата се води како од непознат сторител! Никој досега не ги побара ни крадците, ни украденото…

4) ДОМ остана во коалицијата, со отворено спротиставување на редица владини предлози, како законите за високо образование и за просторно планирање, уставните измени против истополова брачна заедница и др. На Конгресот во декември 2014 усвои критички извештај за учеството во коалицијата и заклучок за самостоен настап на следните избори.

5) Во случајот „Музеј“ следеше незаконски и нечовечки притвор во страшното Ц одделение од 8,5 месеци до 2 години и 3 месеци, за кој тројца подоцна покренаа постапка во Стразбур и го добија случајот. Во меѓувреме беше изречена драконска пресуда од 31 година затвор, каде за повеќе лица од 7 до 9 години, како за сериски убијци! Перо Јосифовски ја доби највисоката казна, а пресудата беше донесена во март 2015, еден ден пред закажаната седница на Централниот одбор на ДОМ, на која одлучувавме за напуштање на коалицијата по штотуку слушнатите „бомби“. Инаку, јавно реагиравме уште по првата бомба. Оваа пресуда следуваше и по јавното соопштение на ДОМ со барање јавниот обвинител Зврлевски да си поднесе оставка и да се избере друг со консензус како почеток на разврска на политичката криза. Премиер беше Груевски, а монтажата на судскиот случај беше во рацете на „проверените“ судијки Моника Бахчовановска и Лидија Петровска, а кообвинителка Жаклина Јосифовска.

6) Следеше жалба и пресуда на Апелациониот суд во март 2016, со техничкиот премиер. Половината од пресудите паднаа, а остана по една пресуда за некое измислено „дело“ за секој обвинет, во траење колку што беше притворот и како оправдание за него. А пресудата на Врховниот суд е добиена само пред десетина дена и во неа на скандалозен начин е потврдена претходната пресуда. Не треба да се чудиме, потпишан е сеуште актуелниот претседател, Јово Вангеловски. Скандалозно велам, зашто образложението воопшто не се однесува на овој случај, туку на приказните од медиуми пре 4 години!

Правдата сеуште не е достижна за овие, но и за многу други лица од монтираните процеси во минатиот период. Сеуште функционираат истите инсталации во судството. Деновиве се вжештува дебатата. Се бара одговорност за судии и обвинители кои биле извршители на политичко-полициски монтирани случаи во кои настрадале стотици невини луѓе. Од прислушкуваните разговори целата јавност слушна дека нарачател бил Груевски, а главни извршители Јанкуловска, Чавков и дел од правосудната „елита“. Проблемите во судството и немање пристап до правдата беа главни забелешки на извештајот на Прибе, но и генератори на бранот протести кои доведоа до промена на власта. Носечка парола беше: „Нема правда, нема мир!“ Останува ова да се спроведе, со поправка на старите и без дозволување нови грешки.“

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ3 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија4 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија6 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија6 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија6 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија7 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија7 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија17 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија18 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија19 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија19 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија20 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија21 час

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија21 час

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија22 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија22 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија22 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...