Daily news
Погрешно и опасно лекување по пат на интернетот
Лекарите од регинот предупредуваат на зголемениот тренд на лечење пациенти, кои со помош на интернет сами си поставуваат дијагноза пред да одат во болница и да почнат со терапии така што без консултација купуваат лекови во аптека.
Доктор Бранислав Лукач од белградската приватна клиника „Белмедик“ истакна дека е многу опасно некој сам да си поставува дијагноза бидејќи таа постапка е многу сложена и опфаќа земање предвид на сите симптоми, знаци на болеста, лабораториски анализи и дијагностички процедури.
Тој додава дека сето ова без медицинско знаење и соодветна опрема никако не може да се направи точно, што неминовно води до погрешен заклучок, погрешна дијагноза и потоа погрешна терапија.
– Разни болести можат да се манифестираат со слични или исти симптоми, што дополнително може да го збуни пациентот кој се обидува преку интернет сам на себе да си помогне. Изборот и дозирањето на лековите исто така е сложена работа и лечењето со слични, но не сосема соодветни лекови или со несоодветни дози на некој лек (дури и ако се случи дијагноза и правилно се избере лекот) или во недоволно долг временски период (на пример лекови за лечење на туберкулоза мора да се пијат шест месеци до една година, има и многу други примери) повторно неминовно води до неуспешна терапија – вели Лукач за Ал Џезира.
Точноста на информациите е под знак прашалник
Она што тој го истакнува е прашањето на достапноста и точноста на информациите на интернет, посебно на јазиците кои се користат во нашиот регион, како и квалитетот на информациите кои пациентите ги разменуваат меѓусебно на разни форуми.
– Колку лице, со просечно образование и недоволно познавање на странски јазици, може да најде точни информации на интернет, кој стана бескрајна шума на информации, полуинформации, дезинформации и реклами?
Ист став како Лукач има и неговиот колега од Хрватска, д-р Марио Малнар од Коодринација на хрватската семејна медицина КОХОМ.
– Како лаик, значи лице без потребно медицинско образование, сам поставува дијагноза, често може да направи грешка, посебно кај комплексни нарушувања, но и кај едноставни, на пример грип, дури и неврзано за купување лекови и само излекување на истите, што исто така го сметам за многу опасно. За среќа, во многу земји таа пракса е забранета, т.е. пациентите не можат да купуваат лекови без рецепти – вели Малнар.
– Значи притоа пациентот може да се исплаши, или да го влоши нарушувањето, посебно кога се работи за психички нарушувања, имуни нарушувања или кожни нарушувања.
Истражување на Мајкрософт
Овие постапки на пациенти ја слабеат автономијата на работата на лекарите, предупредува прим. д-р Харун Дрљевиќ, претседател на Лекарската комора на ентитетите на Федерацијата Босна и Херцеговина.
– Луѓето станаа премногу паметни. Она што лекарите го учат со месеци и години, пациентите се обидуваат да го решат за две минути. Тоа е сериозен проблем, кој го нарушува лечењето на самиот пациент. Дијагностиката и тераписките процедури на луѓето интерпретираат на целосно погрешен начин, што може да ги загрози и нивните животи – предупреди Дрљевиќ.
Американскиот технолошки гигант Мајкрософт спроведе истражување кое покажа дека лица, по самостојно воспоставување на дијагноза, навистина се чувствуваат болни, секој седми жител на Европа дијагноза бара на интернет, а тој број последните години и се зголеми бидејќи се зголеми и бројот на корисници на интернет.
Соговорникот на Ал Џезира Лукач истакна дека треба да се прашаме: Зошто болни лица прибегнуваат на интернет лечење?
– Во времето кога во Србија здравствениот систем прилично е паднат, а приватното здравство поради високите цени на услугите е недостапно за население со просечна месечна плата од 250 до 300 евра, луѓето прибегнуваат на интернет лечење и се обидуваат самите да се снајдат – изјави тој.
Сите тројца лекари сметаат дека воспоставувањето дијагноза на заболен мора да се препушти на експерти.
– Луѓето мора да престанат да гуглаат болести на интернет, тоа не само што нема да им помогне туку може сериозно да ги искомплицира нивните здравствени проблеми – наведе Дрљевиќ.
Според Лукач, состојбата со лечењето на своја рака, со помош на глобалните мрежи, може да се регулира така што аптеките ќе издаваат лекови само со извештај на лекар, во кој точно е наведена пропишаната терапија.
– Мислам дека рецептите, посебно рецепти кои лекар од општа пракса еднаш месечно ги препишува на хронични заболени, се непотребна административна пречка. Тука се поставува прашањето на опијатите и другите психоактивни лекови, кои мора да се третираат одвоено, а прашањето за бесплатните лекови, плаќањето партиципација или плаќање на полн износ на цената на лекот е социоекономско и политичко прашање – истакна тој.
– Секако дека на пациентот, ако има финансиски можности, треба да му се овозможи да купи лек со извештај на лекар, во кој точно е наведена пропишаната терапија. На пример: пациент сака да купи антибиотик во аптека, бил на преглед кај приватен лекар и добил извештај и пропишана му е терапија, но во аптека не можат да им продаваат или да го издадат тој антибиотик бидејќи нема рецепт од својот лекар од општа пракса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.