Контакт

Daily news

Турскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Крал Лир“

Објавено пред

НУ Турски театар в среда, 22 ноември, со почеток во 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Крал Лир“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Диего де Бреа.

dobivaj vesti na viber

Улогите ги толкуваат: Џенап Самет, Осман Али, Несрин Таир, Ерман Шабан, Зубејде Али и Ебру Мусли.

Сценографијата и костимографијата се на Благој Мицевски, изборот на музика го направи Диего де Бреа, преводот Оздемир Нутку, асистент на режија е Сибел Абдиу, дизајн на светло: Диего де Бреа.

„Кралот Лир го истражува човечкото патување во темнините и бездните на смртта. Симнувањето е полно со човечки страв, несигурност и немоќ. Имено, судирот со смртта не е оставен на човечкото самоволие. А Лировото заминување во подрачјата на смртната темнина е дотолку поболно и потрагично поради неговото расцепено срце и помрачениот ум. Порано Господ на Земјата, сега најдлабоко понижениот обичен смртник кој се обидува на збогувањето со животот да ја осознае вистината која ќе му ја донесе најтешката пропаст полна со лаги и невистини. Безмислосната болка на сознанието дека бил измамен и изигран го турка во лавиринтот на страдањето кој го удира со нечовечка сила и моќ. Порано сè, сега ништо. Сето тоа е казна на животот за на крај, ако не и порано, да го преземеш на себе страдањето и низ него да се исчистиш. Лировото заминување е вистинското „danse cadabre“ во кое не е поштеден од ништо. Земјата стана гробница, нека го довика некој сонцето!“, вели Диего де Бреа.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет27 минути

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија1 час

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, незадоволни се од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион2 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет2 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет3 часа

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион3 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија12 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија13 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија20 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија21 час

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија21 час

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија22 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија22 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized23 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ23 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија24 часа

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет1 ден

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет1 ден

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет1 ден

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...