2 илјади палестински затвореници штрајкуваат со глад во израелските затвори

2 илјади палестински затвореници штрајкуваат со глад во израелските затвори

Над две илјади палестински затвореници во израелските затвори започнаа штрајк со глад по повик на истакнатиот затвореник и лидер Марван Баргути кој служи доживотна робија.

Според израелските власти бројот на затвореници што штрајкуваат би можел да порасне. Затворениците одбиваат да јадат во знак на протест поради условите во затворите, посетите од најблиските, медицинскаите третмани кои треба да ги добиваат и образованието.

Портпаролот на израелската затворска управа, истакна дека 700 лица најавиле вчера дека планираат да започнат штрајк со глад.

Во израелските затвори отслужуваат казна над 6.500 Палестинци, меѓу кои 62 жени и 300 малолетни момчиња и девојчиња.крај/мф