МАКФАКС

20 деца загинаа во автобуска несреќа во Јужна Африка

20 деца загинаа во автобуска несреќа во Јужна Африка
21.04.2017, 16:38

Најмалку 20 деца загинаа во автобуска несреќа во Јужна Африка, кога, од непознати причини, минибус кој превезувал деца, најпрво се удрил во камион, по што излетал од патот и се запалил. Децата загинале на лице место. Несреќата се случила во северниот дел од главниот град Преторија.

Според првичните информации од медиумите, во возилото се наоѓале деца од основно и средно училиште. Министерот за образование го нарече денешниот немил настан “црн ден“ за земјата. Во тек е истрага за можните причини за несреќата. крај/мф

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *