28 дена неодолива понуда од „Пежо“!

28 дена неодолива понуда од „Пежо“!

Во акција што трае само во  февруари сите заинтересирани клиенти можат да ја искористат оваа неодолива понуда и да купат возило „пежо“ од лагер!
Клиентите можат да изберат помеѓу „пежо“ 208, 308, 301, 508, 2008 и 3008 па дури и дел од товарната гама по неодоливи цени!

Сè што треба да направат е да се обратат во еден од двата продажни салони на „Еуроимпекс“,  генералиот увозник на „пежо“, или кај овластената дилерска мрежа во Скопје, Тетово, Штип и Гевгелија, каде што ќе бидат целосно запознаени со понудите – моделите, техничките карактеристики, моторите, цените, како и богатата опрема со која располагаат моделите на „Пежо“.

Секако, на клиентите им е овозможено и бесплатно тест-возење на возилата „пежо“, кое можат уште веднаш да го закажат на веб-страницата на „Пежо“ или на следниов линк: http://www.peugeot.com.mk/vozila/test-vozenje

Без разлика дали станува збор за мали градски автомобили или големи претставници на SUV гамата, „Еуроимпекс“ има соодветна понуда за да ги задоволи барањата дури и на најпребирливите клиенти. Дозволете да бидете заведени од софистициран дизајн и современа елеганција. Возила со изграден карактер кои истакнуваат моќ, ефикасност, како и грижа за околината. Интуитивни, иновативни, ергономични и комфорни, пружаат максимална контрола зад управувачот.

„Еуроимпекс“, генерален увозник на „пежо“ за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, повикува на брза реакција од страна на сите заинтересирани бидејќи при оваа понуда количините се ограничени.