40 милиони денари за реконструкција на полициските станици

40 милиони денари за реконструкција на полициските станици

40 милиони денари се предвидени за реконструкција на полициските станици, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција за клучните приоритети на МВР низ призма на буџетот за 2018.

– Состојбата во полициските станици е загрижувачка. Полицајците работат во супстандардни услови, кои негативно се одразуваат врз нивното здравје. Токму затоа одвоени се 40.000.000 денари, со кои во текот на следната година ќе бидат реконструирани и уредени полициските станици во Република Македонија – рече Спасовски.

Во буџетот се обезбедени и повеќе од 570.000.000 денари, со кои ќе се набави нова опрема за потребите на специјалните единици, како и обновување на дотраената опрема.

– Со овие средства ќе се подобри и постојната информатичка и телекомуникациска инфратструктура преку која службите ќе бидат во можност ефикасно и економично на одговорат на предизвиците, но и ќе може квалитетно да ги извршуваат своите обврски. Тука акцентот е ставен на борбата против организираниот криминал и справувањето со тероризмот и насилниот екстремизам – дополни министерот Спасовски.