Audi e-tron Sportback е симбиоза на електрична мобилност и секојдневна удобност

Audi e-tron Sportback е симбиоза на електрична мобилност и секојдневна удобност

Концептот Audi e-tron Sportback е симбиоза на електрична мобилност и секојдневна удобност.

Моделот е комбинација на спортско возење, со забрзување од 0 до 100 km / h за 4,5 секунди и моќност од 320 kW , и голема удобност со опсег до 500 километри. Дизајниран за секојдневна употреба, но и многу повеќе од тоа.

Целосно новиот e-tron со quattro погон моќта ја пренесува директно на асфалтот. Огромниот вртежен момент на електричниот мотор нуди совршено возачко искуство. Нов quattro погон е претставен преку новиот концепт Audi e-tron Sportback со кој работи во совршена хармонија.

Визијата e-tron е повеќе од фасцинација. Концептот Audi e-tron Sportback е волшебно електрично возило со исклучителни спортски линии, големи површини и прави линии во задниот дел. Светлосниот сноп, типичен за Audi, и виртуелните ретровизори се само дел од деталите кои се истакнуваат. Неговата појава е моќна и елегантна. Во внатрешноста нова прозрачна боја ги потенцира возбудливите контури.

Static photo, color: Lux Silver

Технологијата на осветлување кај новиот концепт Audi e-tron Sportback навестува иновативни и динамични насоки во развој. Задните светла меѓу другото се карактеризираат со дигитални анимации и детален преглед. Покрај тоа, тие се во можност да се прилагодуваат со цел поголема безбедност, преку јасни сигнали за сопирање и трепкање.

Алтернативните технологии од Audi ветуваат возбудлива иднина без компромиси. Особено со моделот е-tron, задоволството од електричниот погон е загарантирано. Концептот Audi Sportback e-tron ги исполнува сите ветувања на електричната иднина.

Dynamic photo, color: Lux Silver

Алтернативните технологии од Audi ветуваат возбудлива иднина без компромиси. Особено со моделот е-tron, задоволството од електричниот погон е загарантирано. Концептот Audi Sportback e-tron ги исполнува сите ветувања на електричната иднина, но денес Audi нуди се повеќе хибридни возила со високи перформанси. Новиот Audi Q7 e-tron quattro, е првиот plug-in хибрид со Quattro погон и импресивна ефикасноста како и со најдолг опсег во сегментот. Audi A3 Sportback e-tron комбинира моќ на електричен мотор со предностите на моторите со внатрешно согорување. Електричниот погон е голем дострел, благодарение на моќниот 4-цилиндричен мотор и секојдневната удобност. /крај/со/ст