МАКФАКС

B92: Хашим Тачи го повтори предупредувањето на Рама за “обединување” на Косово и Албанија, ако можноста за членство во ЕУ избледе

B92: Хашим Тачи го повтори предупредувањето на Рама за “обединување” на Косово и Албанија, ако можноста за членство во ЕУ избледе
20.04.2017, 23:26

 

Ако Европската Унија ја затвори вратата за Косово, “сите Албанци во регионот ќе живеат во една единствена држава, за да продолжат со интеграцијата во европското семејство”. Ова го изјави претседателот на Косово, Хашим Тачи, пренесува во четвртокот српското радио B92.

Неговата изјава доаѓа неколку дена откако премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека ако изгледите за членство на Западен Балкан во ЕУ избледат, тогаш тој не може да ја исклучи можноста за “обединување” на Косово и Албанија.

Тачи истакна дека “не сака да го коментира мислењото на другите”, но додаде дека во моментов ЕУ и нејзините односи со Косово и Западен Балкан “немаат визија, ниту пак испраќаат сигнали за интеграција или проширување кон Западен Балкан”.крај/мф/кс

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *