„Celebrate Diversity“ или „Во слава на различностите“ е годинашниот слоган на 62 то издание на Изборот за песна на Евровизија, Киев 2017.

„Celebrate Diversity“ или „Во слава на различностите“ е годинашниот слоган на 62 то издание на Изборот за песна на Евровизија, Киев 2017.

Со спектакуларно отворање и традиционално дефиле на црвениот килим на националните претставници и делегациите од 42 земји учеснички,  пред историскиот објект на Градската општина (Mariyinsky Palace) во Киев,  официјално започнува годинешниот Избор за Песна на Евровизија 2017-та, пренесува Македонската радио телевизија, која ексклузивно ќе ги емитува  сите настани врзани за Изборот за песна на Евровизија.

На патеката долга 265 метри, со однапред определени места кадешто се сместени представниците на „седмата сила“: новинари, сниматели, фоторепортери и голем број на фанови, годинешните национални представници ќе имаат можност да одгвараат на прашања, да се сликаат со фановите но и да им дадат кратки интервјуа на годинашните евровизиски  водители: Олександер, Володимир и Тимур (Oleksandr Skichko, Volodymyr Ostapchuk i Timur Miroshnychenko).

Секој од националните представници потоа на свечена церемонија ќе има можност да го подигне националното знаме на својата земја симболично означувајќи го стартот на најголемиот музички избор и телевизиски спектакл годинава.

„Celebrate Diversity“ или „Во слава на различностите“ е годинашниот слоган на 62 то издание на Изборот за песна на Евровизија, Киев 2017.

Ексклузивно директниот пренос од случувањата на Црвениот килим од Киев може да се следат на официјалниот You tube Евровизиски канал: https://www.youtube.com/watch?v=xPaJxwFFZGk со почеток во 16 часот по македонско време.

Потсетуваме дека МРТ  и оваа година директно ќе ги пренесува  двете полуфинални вечери на 9-ти и 11-ти мај како и  големото финале на 13-ти мај со почеток во 21 часот, на своите радио и телевизиски фрекфенции. крај/мф