Сеавус воведува Академија за визуелни уметности, моден дизајн и 3D гејминг дизајн

Сеавус воведува Академија за визуелни уметности, моден дизајн и 3D гејминг дизајн

Сеавус едукативен и развоен центар од оваа година ги збогати своите програми со три нови атрактивни насоки за кои интересот кај младите од првиот ден на најавата за проширување на постоечките програми е доста голем. Станува збор за воведување Академија за визуелни уметности, моден дизајн и 3D гејминг дизајн.
За таа цел во текот на септември од центарот најавуваат низа настани кои ќе имаат за цел одблиску запознавање на заинтересираните со новите програми.

Првиот настан ќе се одржи на 14 септември со почеток во 18 часот во „Јавна соба“, а ќе биде посветен на промоција на Академијата за визуелни уметности. На 15 септември следува отворен настан за промовирање на програмата за моден дизајн и 25 септември промоција на доста интересната програма за 3D гејминг дизајн.
На трите настани официјално ќе бидат претставени и тренерите на академиите за кои од eдукативниот центар велат дека ќе бидат доста атрактивни,  големи професионалци докажани во својата област.