Агрокор во понеделник добива нова управа во која ќе нема Хрвати

Агрокор во понеделник добива нова управа во која ќе нема Хрвати

 

Агрокор и нејзините доверители доцна вечерта на 30 март, постигнаа т.н. stand-stil договор, пренесе во петокот seebiz.hr.

 

Исто така, според неофицијални извори, N1 телевизија информира дека во понеделник на 3.април, целиот управен одбор на Агрокор ќе добие отказ, а  во новиот тим ќе нема место за Хрвати.

 

Доверителите постигнале stand-stil договор, според кој за одредено време е замрзнато враќањето на каматите, така што со свежиот прилив на пари Агрокор би ги платил доспеаните обврски кон добавувачите.

 

Во целата ситуација околу Агрокор, дополнителна тензија придонесоа обвинувањата на вториот човек на руската ВТБ банка, Јуриј Соловјов, кој е втор најголем кредитор на Агрокор, и кој тврди дека  компанијата на Тодориќ ги фалсификувала финансиските извештаи.

 

Во четвртокот на 30.март ВТБ банката ја ублажи формулацијата и посочи дека долго време имало одредени неправилности во подготовката на извештаите.

 

Од ревизорската компанија, Бејкер Тили, една од многуте кои ги ревидираа финансиските извештаи на Агрокор, изјавија дека последните години во нивните ревизии на индивидуалните членки на групата, се констатирани одредени неправилности кои се изразени во поединечните извештаи,  а кои подоцна се корегирани со пакетите за консолидација.

 

Од ова друштво за ревизија велат дека обвинувањата на лидерите на ВТБ банката се резултат на недоразбирање меѓу банката и одделот за стратегија на Агрокор.

 

Во меѓувреме, сопственикот на Орбико, Бранко Роглиќ потврди дека неговата групација започна од Агрокор присилно да ги наплатува побарувањата во износ од 12 милиони куни.крај /мф/кс