МАКФАКС

Вип со извонредни понуди во месецот на љубовта

Вип со извонредни понуди во месецот на љубовта
02.02.2017, 12:17

 

Вип ја збогатува својата понуда и во месецот кога се одбележува љубовта воведува две атрактивни промоции во припејд и постпејд сегментот во мобилната телефонија.

Со припејд промоцијата, новите корисници добиваат едно пакување со две Вип SIM картички со двојно повеќе вклучен кредит што претставува совршен подарок за вљубените. Имено, корисниците добиваат две припејд SIM картички за само 299 денари при што секоја од нив има вклучен кредит од 300 денари. Дополнително, со активирање на картичките корисниците добиваат бесплатен неделен пакет со неограничени разговори и SMS пораки кон цела Вип мрежа и 200MB мобилен интернет.

Освен во припејд сегментот, Вип подготви изненадување и за постпејд корисниците на мобилната телефонија. Имено, во месецот на љубовта, со тарифниот модел Vip Mobile L, корисниците добиваат неограничени разговори и СМС пораки кон сите мрежи во Македонија, 3GB 4G интернет, како и одличен попуст на телефон, со избор на еден од двата модели вклучени во понудата, и тоа: Acer Liquid Zest 4G по промотивна цена од 0 ден и LG K8 4G по промотивна цена од 1999 денари. Оваа промоција е валидна за нови и обновени линии со договор на 24 месеци најдоцна до 19.2.2017 г. Количините се ограничени.

Повеќе информации за празничните понуди на Вип корисниците можат да добијат на веб страницата на www.vip.mk или во најблискиот продажен салон на Вип низ земјата./крај/со/бб

Tags
Vip
No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *