Светот се соочува со невидена глад

Светот се соочува со невидена глад

Глобалната глад е на највисоко ниво во последните неколку децении, бидејќи Нигерија, Сомалија, Јужен Судан и Јемен се соочуваат со невиден недостиг од храна, а итната помош во храна им е потребнана 70 милиони луѓе ширум светот, објави во средата американската хуманитарна агенција Мрежа за рано алармирање на гладта (FEWS NET).

Луѓе во 45 земји во светот не се во состојба самите да се прехранат, главно поради војните, сушите и економската нестабилност, предупредуваат од FEWS NET.

„Комбинацијата од димензии, тежина и географска раширеност на предвидените потреби од итна помош во храната за 2017 година е незабележана во последните неколку децении“, соопшти споменатата агенција.

Една третина од 70-те милиони гладни луѓе живеат во четири земји, и тоа Јемен, Нигерија, Јужен Судан и Малави. Поради судирите отежнато е доставувањето на хуманитарна помош во првите три земји,додеа Малави е погодено од тешка суша. На североистокот од Нигерија, гладот се појави по седумгодишниот бунт на екстремната исламистичка рупа Боко Харам.

Тешкотиите на Рогот од Африка и на југот од овој континент го предизвикуваат и Ел Нињо, топлотното нарушување на Пацификот, и Ла Ниња, феноменот кој го карактеризираат невообичаено ниски температури во екваторијалниот тихи Океан, наведуваат од FEWS NET./крај/мф/сн