Благ раст на Dow Jones и S&P 500 индексот по тридневен пад

Благ раст на Dow Jones и S&P 500 индексот по тридневен пад

Dow Jones и S&P 500 индексот на Волстрит во четврток благо пораснаа, по три дена пад, што најмногу е благодарение на закрепнувањето на акциите во енергетскиот сектор.

Dow Jones зајакна 0.01 отсто на 20.858 бодови, додека S&P 500 пораснал 0,08 отсто, на 2.364 бодови, а Nasdaq индексот 0.02 отсто на 5.838 поени.

По три дена загуба, во четврток Dow Jones и S&P 500 индексот благо пораснаа, што најмногу е благодарение на закрепнувањето на цените на акциите во енергетскиот сектор.

Ден претходно овој сектор потона повеќе од два отсто, бидејќи цените на нафтата потонаа повеќе од пет отсто, по вестите дека резервите на нафта во САД минатата недела силно пораснале.

Иако цените на нафтата во четврток паднаа дополнителни два отсто, S&P индексот на енергетскиот сектор порасна 0,6 отсто, што аналитичарите го припишуваат на корекцијата на цените по остриот пад во претходните два дена.

И на европските берзи во четврток се тргуваше внимателно.

Лондонски FTSE индексот ослабе 0,27 отсто на 7.314 бодови, додека франкфуртски DAX зајакна 0.09 отсто, на 11.978 бодови, додека париски CAC 0.42 отсто на 4.981 бодови. /крај/он/ст