МАКФАКС

Блок трансакции со акцијата на Стопанска банка АД Битола

Блок трансакции со акцијата на Стопанска банка АД Битола
10.03.2017, 07:57

Преку две блок трансакции со акцијата на Стопанска банка АД Битола (СБТ) во четвртокот на Македонска берза беа истргувани 1.673 лотови по цена од 1.344,00 денари, додека во класичното тргување поминаа уште 100 лотови по цена од 1.385,00 денари.

 

Акцијата на Комерцијална банка повторно најтргувана со 904 лотови по просечна цена од 2.823,21 денари и нов пад на вредноста од 1,32 отсто.

Слична ситуација и кај акцијата на Гранит каде преку 12 трансакции се истргуваа 2.961 лотови по просечна цена од 679,87 денари и пад на вредноста од 1,33 проценти.

Падот на индексот МБИ10 продолжува четврти ден по ред и денес изнесуваше 0,84 отсто, при што интересен е податокот дека од вкупно 17 хартии со кои се тргуваше дури 11 забележаа намалување на вредноста, додека раст имаше само кај 2 хартии. Индексот ОМБ немаше повторно без промена./крај/мф/сн

 

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *