Возбудлив трговски ден на Македонска берза

Возбудлив трговски ден на Македонска берза

Tрговски ден во знакот на зголемен обем на тргувањe, конечниот биланс е промет од 18,9 милиони денари, се тргуваше со 18 хартии од вредност од кои 5 ја зголемија вредноста, 8 ја намалија, додека 5 не ја променија својата вредност.

 

Со најголем раст од 2,85 отсто со истргувани 36 акции по просечна цена од 27.770 денари беше акцијата на Макпетрол АД. Зад неа на листата се најде акцијата на Бетон АД Скопје со истргувана количина од само една акција и нагорна промена од 1,24 отсто.

Според остварениот промет најтргувани беа акциите на НЛБ Банка Скопје (4,4 милиони денари), по која следеа, Охридска Банка АД Скопје (2,4 милиони) и Реплек АД Скопје со промет од 1,9 милион денари.

Со акција на Тетекс АД Тетово имаше една блок трансакција преку која беа истргувани 3,900 лотови по цена од 1.000 денари./крај/мф/сн