Корекција на МСЕ

Корекција на МСЕ

Индексот МБИ10 ја намали во петокот својата вредност за 1,16 отсто и моментално изнесува 2.244,91 индексни поени, додека индексот ОМБ беше без промена.

 

Вкупниот промет на Македонската берза последниот ден од трговската седмица изнесуваше 3,8 милиони денари, и тие беа реализирани во 45 трансакции при што се тргуваше 15 хартии од кои дури 11 беа во негативна територија.

Најголем поединечен пад забележаа акциите на Фустеларко Борец Битола (9,09 отсто), РЖ Макстил (-6,34 отсто), Охридска банка (-2,99), Тетекс (-2,94 отсто).

На спротивната страна се најдоа акциите на Сковин со раст од 11 отсто, РЖ Услуги (+5,12), Топлификација (+3,42) и Бетон Скопје (+0,65)

Единствена акција која оствари промет над милион денари беше акцијата на Комерцијална банка (1,7 милиони) со истргувани 645 лотови по просечна цена од 2.761,91 денари./крај/мф/сн