Најавата за намалување на саудиските испораки ги стабилизира цените на нафтата над 55 долари

Најавата за намалување на саудиските испораки ги стабилизира цените на нафтата над 55 долари

Цените нафтата се стабилизираа во средата на меѓународните пазари на нивото над 55 долари, имајќи предвид дека најавата на Саудиска Арабија за намалувањето на испораките за купувачите во Азија во втор план ги стави знаците дека другите големи произведувачи како Ирак, не се подготвени да го намалат снабдувањето.

На лондонскиот пазар во 15 часот цената на барелот се зголеми за 41 цент во однос на претходното затворање и изнесуваше 54,05 долари. Во вторникот нафтата на лондонскиот пазар го затвори тргувањето со минус од 1,30 долари.

Меѓутоа, веќе во 17 часот цената на испораките за март на суровата марка од марката Brent на лондонската ICE берза скокна за дополнителни 2,98 отсто и достигна 55,24 долари за барел. Со тоа се нивелираше падот на лондонскиот пазар кога цената на барелот падна под 54 долари првпат по 16-то декември 2016 година.

На американскиот пазар, пак, во средата се тргува по 39 центи повисока цена, на 51,21 долар. Откако претходно го затвори тргувањето со пад за 1,14 долари.

Одвоено, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во средата објави дека цената на барел референтна кошничка нејзина нафта во вторникот изнесувала 51,46 долари, што значи дека била пониска за 1,39 долари отколку на почетокот од седмицата.

Во средата американското министерство за енергетика објави дека комерцијалните резерви од сирова нафта во САД во периодот од 30-ти декември до 6-ти јануари, се зголемиле на 4,09 милиони барели и изнесувале 481,1 милиони барели. Притоа аналитичарите очекуваа раст на залихите од само 1,16 милиони барели, според анкетата на Bloomberg.

Американската влада во седата процени и дека годинава американското производство ќе биде зголемено за 110.000 барели дневно, на вкупно 9 милиони барели дневно.

Во вторникот нафтените пазари ги притисна најавите на Ирак дека во февруари ќе го зголеми извозот на сирова нафта од пристаништето Басра на рекордни 3,641 милион барели дневно. Според неименувани извори во секторот, извозот од јужниот дел на земјата се задржал на почетокот од јануари близу рекордните нивоа и покрај договорениот почеток на намалувањето на снабдувањето на ниво на OPEC.

Во средата, пак, цените ги стабилизираше и пота поткрена најавата на водечкиот светски извозник Саудиска Арабија до некои од нејзините клиенти во Азија, дека во февруари благо ќе ги намали испораките.

Притоа, намалените испораки на OPEC б можела да ги надомести нафтата од други извори. Така активностите на дупчењата во Северна Америка се зајакнати, а европските и кинеските трговци овој месец од Северното Море и Азербејџан во Азија ќе испорачаат рекордни 22 милиони барели нафта.

„Трговците и натаму се плашат ода зголеменото снабдување од САД и се сомневаат дека ќе биде почитуван договорот на ниво на OPEC за намалување на производството“, толкуваат во анкетата на Reuters од банката ANZ./крај/мф/сн