МАКФАКС

На Волстрит нов рекорд на Dow Jones

На Волстрит нов рекорд на Dow Jones
17.02.2017, 11:11

На Волстрит во четвртокот S&P 500 индексот ослабе поради падот на цените на акциите во енергетскиот сектор, додека Dow Jones се довлече до ново рекордно ниво шести ден по ред.

Пад во четвртокот беше забележан и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,34 отсто, на 7.277 поени, додека франкфуртскиот DAX индекс се лизна 0,31 проценти, на 11.757 поени, а парискиот CAC за 0,52 отсто, на 4.899 поени.

На Волстрит, индексот Dow Jones зајакна во четвртокот за 0,04 отсто, 20.619 поени, додека S&P 500 ослабе за 0,09 отсто, на 2.347 поени, а Nasdaq индексот за 0,08 отсто, на 5.814 индексни поени.

По седумте дена непрекинат раст, S&P 500 индексот во четвртокот благо се лизна од рекордните нивоа, што е во прв ред последица од падот на цените на акциите во енергетскиот сектор за 1,4 отсто а поради падот на цените на нафтата.

Сигналите за забрзување на растот на американската економија и изјавите на претседателот Доналд Трамп дека ќе ги намали даноците, ќе ја зголеми фискалната потрошувачја и ќе ги олабави регулациите во поединечните сектори го поддржуваа подемот на цените на акциите последните месеци. Така, од почетокот на годинава S&P 500 е во добивка од околу 5 отсто, додека индексот Dow Jones зајакна за околу 4 отсто.

Поддршка на пазарите му даваат и подобрите отколку што се очекуваа квартални деловни резултати на компаниите. Се проценува дека добивката на компаниите од составот на S&P 500 индексот во последниот квартал од минатата 2016 година во просек ќе бидат за 7,3 отсто поголеми на годишно ниво, што би претставувал најголем раст на заработките од третиот квартал во 2014 година.

Меѓутоа, сезоната на објавувањето на кварталните деловни резултати се ближи кон крајот, па вложувачите се претпазливи додека ги очекуваат конкретните потези на Белата куќа кои може да ги продолжат натамошниот подем на пазарите.

„Возбудата и ентузијазмот во врска со заработките на компаниите, и најавите на Трамп за поттикнувањето на растот почнуваат да слабеат, а инвеститорите се свртуваат кон попрактичните, дневни настани“, вели за Reuters Џеф Кравец, директор во компанијата „Private Client Reserve“./крај/мф/сн

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *