На Македонска берза на врвот по прометот акцијата на Комерцијална банка

На Македонска берза на врвот по прометот акцијата на Комерцијална банка

Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје во понеделникот се најде во фокусот на инвеститорите на отворањето на трговската седмица на Македонската берза.

 

Со акцијата на една од најголемите банки во земјата вчера беше остварен промет од 3.413.465 денари, преку вкупно количество од 1.241 акција и учество од над 32 отсто во вкупниот промет кој изнесуваше 10.604.127 милиони денари.

Со истргувани 252 акции по просечна цена од 10.200 денари, со пад на вредноста од незначителни 0,01 отсто, акцијата на НЛБ Банка се најде на второто место на листата на „милионерите“.

Над милион денари имаа промет и акцијата на Алкалоид АД Скопје, односно 1,4 милиони денари и истргувана количина од 251 акција.

Најголем раст на вредноста од фантастични 105,32 проценти, со просечна цена од 18.499 денари при истргувано количество од само 5 акции забележа акцијата на Скопски Пазар АД Скопје.

Индексот МБИ-10 денот го заврши со пад на вредноста од 0,08 отсто, и изнесуваше 2.243,09 индексни поени, додека, пак, индексот ОМБ и покрај солидниот промет остана непроменет од затворањето на тргувањето во претходниот трговски ден./крај/мф/сн