Промет од над 5,7 милиони денари на Македонска берза

Промет од над 5,7 милиони денари на Македонска берза

Вкупниот промет на Македонската берза во четвртокот изнесуваше 5,7 милиони денари, остварени преку педесет и шест трансакции.

Најтргувана акција со вкупен промет од 807.235 денари беше акцијата на ТТК Банка АД Скопје, а по неа следеше уште една банка Охридска со вкупен промет од 780.270 денари.

Иако прометот беше значително понизок во однос на претходните денови индексот МБИ-10 заврши во зелена територија, порасна за 0,15 % и достигна вредност од 2.300,31 индексни поени.

Во текот на денот со обврзниците за денационализација се случија три трансакции и тоа со обврзниците за денационализација РМДЕН06, РМДЕН13 и РМДЕН08. Заеднички остварија вкупен промет од 316.813,95 денари, што придонесе за нагорна промена на вредноста на индексот ОМБ од 0,20 отсто.

Листата на добитници ја предводеше акцијата на Житолукс АД Скопје, со раст од 12,99 отсто и просечна цена од 200 денари. Зад неа следеше акцијата на Стопанска банка АД Битола со раст на акцијата од 4,53./крај/мф/јф