Цената на нафтата стабилна околу 52 долара

Цената на нафтата стабилна околу 52 долара

Цените на нафтата се стабилизираа во петок на меѓународните пазари над нивото од 52 долара, балансирајќи меѓу ограниченото снабдување од водечките производители на чело со ОПЕК и поголемото производство во САД.

На лондонскиот пазар цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 52,01 долар. Позначителна промена немаше ниту на американскиот пазар, каде што барелот се тргуваше по цена од 49,19 долари.

ОПЕК објави дека цената на барелот на референтната кошничка од неговата нафта во четврток изнесувала 49,70 долари и се зголемила 53 центи во однос на претходниот ден од тргувањето. /крај/хн/ст