МАКФАКС

Газпром: Две линии на Турски поток ќе бидат готови до 2019

Газпром: Две линии на Турски поток ќе бидат готови до 2019
30.03.2017, 12:04

Газпром, во Истанбул, отвори огранок на компанијата South Stream Transport кој ќе ги координира работите на изградба на гасоводот Турски поток во Турција.

Генералниот директор на компанијата Алексеј Милер рекол дека се направени сите услови за да почне поставувањето на подводниот дел од гасоводот.

„Во втората половина од годината почне поставувањето на подводниот дел и планираме две линии од Турскиот поток да завршиме до крајот на 2019 година“, рекол Милер.

Тој дополнил дека дупчењето на првата делница од микротунелот е завршен на руска територија, а дека вториот микротунел бил речиси готов.

Изградбата на гасоводот Турски поток кон крајот на 2015 година беше доведена под знак прашалник откако Турција и Русија ги влошија односите, по соборувањето на рускиот воен авион од страна на турската армија.

Откако турскиот претседател Реџет Таип Ердоган се извини за трагичниот инцидент, двете земји повторно ги нормализираа односите, а рускиот претседател Владимир Путин му пружи поддршка на Ердоган во јули минатата година по неуспешниот обид за државен удар во Турција. крај/мф/нц

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *