МАКФАКС

Македонска пошта и Словенска пошта ја продлабочуваат соработката

Македонска пошта и Словенска пошта ја продлабочуваат соработката
17.03.2017, 17:02

Претставници на Словенска Пошта и фирмата ќерка на Словенска Пошта EPPS беа во посета на Македонска Пошта.

Генералниот директор на Македонска Пошта Фаадис Реџепи на состанокот со делегацијата од Словенија предводена од Вили Хриберник -Генерален Директор на EPPS и Моника Зајц -Заменик на Генералниот Директор на EPPS, истакна дека Македонска Пошта е отворена за соработка со други поштенски управи со цел на пазарот да се нудат нови услуги.

Гостите од Словенија изразија спремност за продлабочување на соработката помеѓу двете поштенски управи, во насока на пренесување на искуства па се до заеднички настап со Македонска пошта во пазарот на Македонија и регионот за услуги кои се уште не ги нуди АД “Македонска Пошта“-Скопје.

Двете страни се согласија во иднина работни групи од двете институции да ги анализираат и операционализираат сите активности за меѓусебната деловна соработка на ниво на партнери. /крај/со/мф

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *