Seavus на Embedded World 2017, најголемиот настан за вградени технологии во Европа

Seavus на Embedded World 2017, најголемиот настан за вградени технологии во Европа

 

Во Нирнберг деновиве се одржува саемот Embedded World 2017, каде повеќе од 30 илјада илјади посетители и илјада изложувачи традиционално ги следатнајновитевести за разни алатки, специфични уреди и развојни околини за изработка на вградени (embedded) системи. Компанијата Seavus е присутна во областа за вградени апликациски решенија за потрошувачка електроника (consumer electronics)заедно со еден од најголемите производители на светско ниво за чипови и микроконтролери STMicroelectronics (STM).

 

Тимот на експерти од Seavus е дел од STM32FAN фан-зоната каде се прикажуваат дел од најновите решенија произведени во Сеавус со користење на последните микроконтролери (MCU) кои доаѓаат од STM. Демо уредите кои се презентирани од Seavus прикажуваат решенија создадени со најсовремен инженеринг во областа на специјално дизајнирани направи за играње, помош при купување и системи за мониторинг на простори. Преку овие уреди, Seavus ја презентира својата експертиза за успешно интегрирање на микроконтролерите од STM во најразлични технолошки домени и изработка на модерни уреди.

 

“Ни претставува големо задоволство што Seavus е присутен на овој саем повеќе години во соработка со своите партнери со кои имаме успешно изработено поголем број на комплексни проекти. Како и претходните години, фокусот на нашата компанија е да ги презентира проектите изработени во соработка со најголемите компании во својот домен (Green Hills, STMicroelectronics и други)и да покажеме дека нашите експерти имаат вештини кои се на високо завидно ниво. Преку присуството на вакви настани, имаме можност дополнително да се информираме за новостите во вградените технологии и да воспоставиме комуникација и соработка со нови партнер и потенцијални клиенти”, изјави Благој Купев, менаџер на Дивизијата за вградени технологии во Seavus.

 

Уште од своето основање во 2003-та година конференцијата Embedded World е посветена на дизајнерите и креаторите на вградените системи, што ја прави да биде едно од најважните места за размена на иновации во рамките на самата заедница за вградени системи./крај/мф/