МАКФАКС

Горивата поевтинуваат за два денара

Горивата поевтинуваат за два денара
20.03.2017, 17:16

Горивата, од ноќеска на полноќ, ќе поевтинат за два денара, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката на регулаторите, Еуросупер БС -95 ќе се продава по цена 65 денари за литар, а Еуросупер БС -98 ќе изнесува 67 денари за литар. Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 52 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 40,5 денари за литар.

За 1,337 денари поевтинува и мазутот и еден килограм ќе чини 26,955 денари. /крај/рке/мф

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *