Тркалезна маса за енергетската сиромаштија и како да се намали

Тркалезна маса за енергетската сиромаштија и како да се намали

Тркалезна маса насловена „Што претставува енергетската сиромаштија – дефиниција и препораки за нејзино намалување“ ќе се одржи во петок во Скопје.

Тркалезната маса е дел од проектот „Намалување на потрошувачката на енергијата и менување на навиките“ (анг. Reduce Energy Use and Change Habits – REACH) кој е финансиран од програмата Интелегентна Енергија Европа – Intelligent Energy Europe (IEE).

Овој проект во нашата земја е спроведуван од страна на Здружението МАЦЕФ – Центар за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ).

Проектот „Намалување на потрошувачката на енергијата и менување на навиките“ преку оваа тркалезна маса има за цел да поттикне дискусија за дефинирање на енергетската сиромаштија во нашата земја, и преку формирање на заедничка платформа да создаде препораки за нејзино намалување.

Тркалезната маса предвидува и претставување на резултатите од проектот „Намалување на потрошувачката на енергијата и менување на навиките“ пред пошироката јавност.

Воедно, МАЦЕФ во соработка со ЕТУЦ „Михајло Пупин“ и Општинската организација на Црвен Крст Гази Баба во 2016 година, а во рамки на проектот, изврши анкетирање, анализа и доделување на уреди за рационално користење на енергијата (во вредност од 30 евра по домаќинство) на 400 енергетско сиромашни домаќинства во реонот на градот Скопје.

Според направените анализи, се дојде до заклучок дека потенцијалните заштеди на енергија при користењето на уредите за рационално користење на енергија во овие домаќинства се на ниво од 3-5 % на електрична енергија и 5-7 % на топлинска енергија, што значи дека постои реална можност за намалување на потрошувачката на енергија со ваквиот пристап. На овие домаќинства, воедно им беа доделени и прирачници за ефикасно користење на енергијата со цел постепено менување на навиките кон рационална потрошувачка на енергија.

Реализацијата на проектот треба и се очекува да ја подигне свеста кај јавноста за енергетската сиромаштија во нашата земја, но и да придонесе да се преземат дополнителни активности за нејзино намалување. /крај/со/ст