МАКФАКС

Раст на индустриското производство во Кина

Раст на индустриското производство во Кина
14.03.2017, 16:32

Индустриското производство во Кина во првите два месеца оваа година порасна 6,3 отсто во споредба со истиот период лани, покажаа во вторник најновите податоци од кинеската статистичка канцеларија.

Податокот сведочи за стабилноста на втората светска економија, без оглед на благото забавување на личната потрошувачка во наведениот период.

Прометот од трговијата на мало, клучен показател на личната потрошувачка, во првите два месеца оваа година е зголемен 9,5 отсто во споредба со истиот период од лани, кога е зголемен за 10,2 отсто. Во декември 2016 година скокна за 10,9 отсто. /крај/хн/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *