МАКФАКС

Џек Ма: Доколку исчезне трговијата светот ќе почне да војува

Џек Ма: Доколку исчезне трговијата светот ќе почне да војува
07.02.2017, 12:03

 

Кинескиот милијардер Џек Ма изјавил дека доколку исчезне трговија, тогаш ќе започне војна, пред се поради тоа што трговијата е многу повеќе отколку „размена на стока и пари“, пренесуваат светските агенции.

 

Ма е главна тема во светските медиуми откако најави дека неговата компанија Алибаба ќе помогне во создавањето на милиони работни места во САД. По состанокот со американскиот претседател ДоналдТрамп, Ма рекол дека повлекувањето од глобализацијата „би предизвикало само проблеми“. „Доколку исчезне трговијата – започнува војна“, рекол Ма.

 

„Мораме активно да докажуваме дека трговијата им помага на луѓето да комуницираат“, рекол Ма, додавајќи дека на светот му е потребна „фер, транспарентна и инклузивна“ трговија. Ма истакнал дека и глобалната економија е многу повеќе отколку „трансакција на стока и пари“.

 

„Се работи за трговија на вредностите, трговија на културата“, рекол тој, додавајќи дека чувствува лична одговорност па поради тоа во последниот месец поминал повеќе од 100 илјади километри за да промовира глобалната трговија.

 

Ма додал дека имал „прекрасна дискусија“ со австралискиот премиер Малколм Турнбул за време на разговорите за можностите Алибаба да соработува со нив за да се создаде „е-јазол“ – трговска зона која ќе овозможи слободна онлајн трговија со помалку гранични бирократии. „Повеќето слободни зони во последните години се дизајнирани за големите компании“, рекол тој.

 

„Доколку Австралија, Нов Зеланд и останатите земји можат да создадат зона на слободна трговија во вид на е-јазол за мали претпријатија, тие ќе можат да работат како големи компании кои продаваат 24 часа, со подобри тарифи и побрза гранична контрола“, заклучил кинескиот бизнисмен./крај/мф/бс

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *