МАКФАКС

AFP: На швајцарската банка UBS ќе и се суди во Франција за даночна измама

AFP: На швајцарската банка UBS ќе и се суди во Франција за даночна измама
20.03.2017, 12:13

 

Поради создавање на широка шема за даночна измама, големата швајцарска банка UBS се соочува со судење во Франција, пренесува AFP.

 

UBS е обвинета за вршење на нелегални банкарски практики и прикривање на даночни измами, објави во понеделникот извор запознат со ситуацијата.

 

Франција започна истрага за случајот, откако поранешен службеник рече дека банката има систем за создавање на двојни сметки преку кои се прикрива движењето на паричните средства во Швајцарија меѓу 2004 и 2012 година.крај/мф/кс

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *