(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ не подметнуваат предлог за легализација на хомосексуални бракови

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ не подметнуваат предлог за легализација на хомосексуални бракови

По прес-конференцијата на пратеникот од редовите на ДУИ, Бранко Манојловски, каде даде поддршка за ЛГБТ заедницата и хомосексуалните бракови, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, на прес-конференција ги обвини СДСМ и ДУИ дека подметнале предлог за легализација на хомосексуални бракови,  кој може да биде вовед во идно овозможување на посвојување  деца без родители од хомосексуални двојки.

-Без никаква дебата и без никакви аргументи, власта предводена од СДС и ДУИ на јавноста вчера кукавички ѝ го подметна предлогот за легализација на хомосексуалните бракови, кој може да биде вовед во идно овозможување на посвојување  деца без родители од хомосексуални двојки, рече Ласовска.

Пратеникот Манојловски, на својата прес-конференција трипати повтори дека тој говори во негово лично име, а позади него не стои ниту една партија.

„Пред да починам, многу би сакал хомосексуалците да ги имаат истите права како јас и вие. Јас го кажувам ова во име на Бранко Манојловски. Ова не го кажувам во име на партијата. Тука е само Бранко Манојловски и ова е мое мислење“, рече Манојловски.

Кристијан Ландов