МАКФАКС

Велики Петок: Да размислуваме разумно, а да правиме добри дела водени од срцето

Фото: Никола Ордевски/Макфакс

Велики Петок: Да размислуваме разумно, а да правиме добри дела водени од срцето
14.04.2017, 13:48

 

Велики Петок ги собра православните верници во црквите. Во голем број денеска се собраа во Соборниот храм„Свети Климент Охриски“, каде што се држеше света литургија по повод празникот.Велат овој ден е еден од најголемите денови за христијаноство,а голем дел веруваат дека Господ денеска ги ислушува молитвите на сите кои се дојдени во црква. Граѓаните палеа свеќи, поминуваа низ светата плаштеница, на која воедно оставаа и дарови како што се црвеќе, велигденски јајца и масло.На овој голем ден секој верник , велат дека секој верник што доаѓа во црква треба да се помоли за здравје и благосостојба во своето семејство.

„Да ги надминеме сите недоразбирања, да бидеме потолерантни едни кон други , да размилуваме разумно, а да делуваме со срцето.Посакувам овој празник да не сплоти, да имаме подобро разбирање меѓусебе и најважно од се да има мир во држвата“, вели Душка Соколова од Скопје.

 

„Сите сме преокупирани со грижи и незивеснот во ова турбулентно време.Но,верувам дека постои некоја виша сила, која не тера да се бориме и да се справиме со сите искушенија“, додава Нада Петковска.

Велигден е семеен празник.Во светите храмови, обично верниците се во друштво со своите најблиски. Еден повозрасен граѓанин рече дека е време Македонија да тргне на правиот пат, за да може да ги задржи младите тука.

 

„Дојден сум со семејството, со сопругата и внуците сите заедно ќе поминеме низ светата плаштеница, ќе се помолиме овој празник да ни донесе првин здравје. Порачувам државата да ни тргне напред и нашите деца да останат тука и да градат иднина на ова прекрасно парче земја“, вели Никола Трајковски.

Отец Сашко Николовски кој денеска беше меѓу верниците рече дека на овој ден најважно е верниците да бидат со добра мисла, да рзмислуваат во насока на правење добра дела.Тој за Макфакс вели дека физичкиот и духовниот пост не се целосни беа молитва, затоа што таа претстваува духовен разговор со Господ. Светата плаштаница пак која од денеска е поставена во храмот,  го симболизира грбоот на Исус Христос,бидејќи Велики Петок е денот кога веќе е погребан Исус Христос, објаснува отес Сашко.

 

„Веќе кога верниците доаѓаат во храмот и сакаат да се поклонат под плаштаницата, тие се поклонуваат на погребението на Исус Христос. 33 часа по погребението, доаѓа распетието на Исус Христос.Занчи сите овие настани го навестуваат најголемиот ден-денот на Воскресението, односо Велиген.Воскресението е победа над гревовите, победа над смртта, бидејќи со него на човештовто му се дава нов живот на човештвото.Затоа ние христијаните треба да неговиот пат, да се водржуваме од искушенијата, да негуваме чиста мисла и да правиме само добри дела“, рече отец Николовски.

Верниците кои постеле може да земат причест, но добро е првин тие да се исповедаат, затоа што така го примаат покајанието и се чистат од гревовите ,на крајот додаде свештеникот Николовски.Инаку,во следните денови во светите храмови ќе се се служи литургија, а утре на полноќ вернците ќе бидат дел од чинот на оплакувањето на Исус Христос.

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *