Базар на домашни ракотворби: се избира и најавтентичен сувенир

Базар на домашни ракотворби: се избира и најавтентичен сувенир

„Пролетен базар на домашни ракотворби“ ќе биде одржан денеска, на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје. Традиционалниот базар ќе продолжи и утре, а ќе бидат изложени голем број рачно изработени предмети од камен, дрво, керамика и други разновидни материјали.

 

На оваа манифестација ќе се промовираат изработките на накит од филигран и монистра, украси, рачни ракотворби, магично плетиво, изработки од камен, дрво и керамика, цртано стакло, како и слики од срма, a ќе има и креативна работилница.

 

Посетителите ќе можат да погледнат и да купат интересни ракотворби, како накит, парчиња облека, уметнички слики, филигран и друго. Ќе биде објавен и најавтентичен сувенир на град Скопје, избран од страна на комисија.

 

„Целта на овој настан е да се истакне важноста на занаетчиството и стопанството, средното стручно образование, практичната обука и стекнувањето вештини и компетенции, а со цел поттикнување на младите да се запишуваат во средните стручни училишта и да ги изучуваат занаетчиските занимања кои нудат перспектива и вработување и да се промовира и одржи традиционалното занаетчиско производство, како и да се поттикне размената на искуства и знаење меѓу занаетчиите, зголемување на продажбата на занаетчиските производи и услуги и да се зголеми туристичката понуда преку претставување на занаетчиството како бренд и симбол на препознатливост на Скопје, информираат од Град Скопје.“

Покровител на манифестацијатa е Град Скопје, а организатор е Занаетчиската комора Скопје. Крај мф-кп