Виното и љубовта споени во претставата „Јас имам сон“

Виното и љубовта споени во претставата „Јас имам сон“

 

Средношколците од прва до четврта година од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ сношти во кино салата Мис Стон се претставија со претставата „Јас имам сон“. Целта на овој како што посочија учениците перформанс била спојот на виното и љубовта по повод празникот „Св. Трифун“.

„Традиционално веќе трета година по ред професорите, наставниците и директорот на Гимназијата го одбележуваме спојот на овие два празника поврзани преку виното и љубовта. Оваа година се одлучивме за претставата „Јас имам сон“ во која учествуваат 20 гимназијалци, а се надеваме дека наредната година ќе бидеме многу поуспешни“, посочи Мартин Наумоски ментор на „Јас имам сон“.

Претставата „Јас имам сон“, е антологија на најславните говори на сите времиња, на славните ликови, преточена во говор, моќ и хармонија./крај/со/бб