Изложба на рачно изработени светилки со уникатен дизајн

Изложба на рачно изработени светилки со уникатен дизајн

 

Сите љубители на oдлични дизајни, беа дел од изложбата на рачно изработени светилки која се одржа во уникатниот еклектичен амбиент на Брик Бар.

Изложбата на која ќе имате можност да ја погледнете оваа колекција во Брик Бар, сè до 8 март е авторски проект на Елена Диновска Зарапчиев, графички дизајнер во ПР и маркетинг агенцијата Априори Комуникации. Елена има долгогодишно искуство во полето на дизајн (графички, индустриски) како и сценографија на филм и театар.

„Светлосна врскa е мој втор авторски проект кој е од областа на индустрискиот дизајн, после проектот со дизајн на рамки со огледала. Инспирацијата за изработка на овие лампи лежи во геометријата и најсовршените елементарни геометриски фигури, во овој случај триаголник.Со мултиплицирање на триаголниците се добиваат многу нови форми кои јас ги користам како абажури и ги изработувам од високо квалитетен медијапан. Во најновата колекција има повеќе модели и тоа столни лампи на ногарки и висечки лустери. Лампите имаат минималистички дизајн и создаваат aтипичен амбиент бидејќи креираат бесконечна игра на сенки и придонесуваат за дополнителна топлина во просторот. Отварањето на изложбата помина повеќе од добро, имаше голем број на посетители кои уживаа во убавиот амбиент на кафичот збогатен со моите светилки, за момент доживеаме диверзија во опуштена атмосфера и уживавме во друштво на убави луѓе и модерен дизајн. Во наредните седум дена, лампите ќе бидат изложени во Брик Бар во текот на целиот ден и секој кој сака да има вакво парче дизајн има можност за попуст од -30% додека изложбата е во тек“, изјави Елена Диноска Зарапчиев, авторот на проектот Светлосна врска./крај/со/бб