Изложба на црно-бели фотографии од народот Мурси во Африка

Изложба на црно-бели фотографии од народот Мурси во Африка

 

Амбасадата на Франција ги кани сите заинтересирани во четврток, во 19 часот, во Националната галерија Чифте Амам (Стара чаршија) на отворањето на изложбата на фотографии во црно-бела техника на Доминик Готје, прв советник во Амбасадата на Франција во Скопје.

На изложбата ќе присуствуваат и Амбасадорот на Франција, дипломатскиот кор и претставници од уметноста и културата.

Оваа изложба се состои од 70 портрети на жени, мажи и деца од народите кои живеат во Долината на реката Омо, на границата со Етиопија, Јужен Судан и Кенија, изработени за време на две патувања на господинот Готје во оваа оддалечена област, во 2006 и 2007 година, додека бил на функција во Амбасадата на Франција во Адис Абеба.

Овие народи се познати по својата убавина и по тоа што ја негуваат телесната уметност (слики на тело, необични фризури, облека и други орнаменти). Исто така, таму живеат импресивните жени со истегнати усни од народот Мурси чиишто мажи се занимаваат со овчарство. Но тие се и прекалени воини и се сметааат всушност за последните голи воини во Африка. Изложбата „Народите од Долината Омо“ ќе биде отворена до 26 февруари./крај/со/бб