Интернационален симпозиум „Хамлет и Еевропа – да се биде или не!“

Интернационален симпозиум „Хамлет и Еевропа – да се биде или не!“

 

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија – Скопје е организатор на интернационалниот симпозиум насловен: „Хамлет и Европа – Да се биде или не!“.

Дводневниот симпозиумот свечено ќе започне вопонеделник во 12 часот, со настапот на претседателот на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, Жан-Патрик Конрад, професор од Ројал колеџ од Лондон. Свои обраќања ќе имаат и директорот на Националниот театар од Букурешт, познатиот романски режисер и актер Јон Карамитру, како и ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни умнетности Јордан Плевнеш, на темата „Хамлет и Македонија – Да се биде или не!“

На настанот, поздравна реч ќе има и професорот Мето Јовановски, (Хамлет од 1977 година),а ќе се претстават и сите македонски Хамлети почнувајќи од Ацо Стефановски, преку Сефедин Нуредини, па се до Дејан Лилиќ, преку фото-проекција на професорот Роберт Јанкулоски, илустрирана со сонгот на Горан Трајковски „Хамлет на светот убавина“. Следниот ден Македонските “Хамлети“ ќе одржат работилница на која ќе биде претставена и магистерската теза на Валентино Светозарев „Шекспир засекогаш“.

Специјални гости на настанот се балканските автори Градимир Гојер, Владислав Бајац, Алек Попов, Башким Шеху, Анастасис Вистонитис и Александар Прокопиев, кои под претседателство на Јон Карамитру ќе ја одражат конститутивната седница на Academia Balkanica Europeana, со седиште во Букурешт, нова институција на балканските духовни мостови во европските интеграции./крај/со/бб