МАКФАКС

Одржано основачкото собрание на Academia Balkanika Europeana

Одржано основачкото собрание на Academia Balkanika Europeana
02.03.2017, 19:49

Од меѓународниот симпозиум „Хамлет и Европа – Да се биде или не!“, што се одржа во рамките на одбележувањето на десетгодишнината од постоењето на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија – Скопје, на кого зедоа учество повеќе истакнати дејци од Балканот и Европа, објавена е заедничка декларација која ја потпишаа претседателот на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, Жан-Патрик Конрад, професорот на Ројал колеџ од Лондон, и претседателот на Academia Balkanika Europeana, романската театарска легенда Јон Карамитру.

 

Декларацијата беше испратена до Европскиот парламент, Европската комисија, Обединетите нации и УНЕСКО.

Со оваа декларација, со која воедно се конституира основачкото собрание на новата институција Academia Balkanika Europeana, со седиште во Букурешт, а чијашто девиза е „Балканот е срцето на Европа“.

На седницата е одлучено академијата да има постојан број на членови – 35, од десет балкански држави. Матичната комисија ќе предлага истакнати личности од овие земји и на наредното заседание, што е закажано за октомври 2017 година, во Букурешт, на свечена церемонија ќе биде инаугурирана оваа престижна академија./крај/мф/сн

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *