„Париз те сакам“ – концерт на Филхармонијата за Денот на вљубените

„Париз те сакам“ – концерт на Филхармонијата за Денот на вљубените

 

Македонската филхармонија вечер во 20 часот по повод Денот на вљубените во Македонската опера и балет ќе одржи симфониски концерт насловен „Париз те сакам“.

Ќе бидат изведени популарни француски шансони кои ги испеале Едит Пјаф, Ив Монтан, Жо Дасин, Мишел Легранд…

На концертот како вокалист ќе настапи унгарската џез вокалистка со меѓународна кариера, Миртил, диригент е Борјан Цанев, оркестрациите се на Емин Џијан, а режијата е на Дејан Прошев. На сцената поезија од францускиот поет Жак Превер ќе чита актерот Васил Зафирчев./крај/со/бб