МАКФАКС

Погледнете го македонскиот хип хоп документарец „Сложувалка”

Погледнете го македонскиот хип хоп документарец „Сложувалка”
27.02.2017, 09:56

 

Деновиве на музичкиот сервис youtube.com официјално беше закачен македонскиот документарен хип хоп филм „Сложувалка”, во реализација на неформалната организација Хип Хоп Македонија.

Се работи за 37 минутен филм кој својата премиера ја доживеа на скопскиот Cinedays фестивал 2015, а во меѓувреме беше учесник и на повеќе филмски фестивали во Македонија, регионот и пошироко во Европа, од каде се здоби со неколку награди и признанија.

Одлично прифатен од македонската хип хоп генерација, филмот претставува обид да се навлезе во суштината на хип хопот на овие простори преку интервјуа со најпознатите македонски рап артисти од осамостојувањето на Македонија до денес. Линкот за гледање овде./крај/со/бб

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *