Почина Триша Браун – големата дама на американскиот танц

Почина Триша Браун – големата дама на американскиот танц

Големата дама на американскиот танц Триша Браун(80) почина во сабота по долго боледување, објавено е во понеделник.

Пионерката на постмодерниот танц роден во САД во 60-сеттите години на минатиот век, остави длабока трага со своите кореографии кои беа многу влијателни во тоа време и со својот авангарден пристап на танцот засекогаш го промени изразот на таа уметност“, соопшти компанијата на Триша Браун во понеделник.

Триша Браун мина повеќе од пет децении истражувајќи го танцот, прекинувајќи со некои вообичаени форми и смислувајќи нови. Нејзините дела најчесто би се нарекувале „флуидни“.

Прва со својот танц и со своите танцувачки претстави излезе од театрите и почна да ги изведува во галерии и музеи.

Последните две години големата турнеја на нејзината компанија во Париз, Лисабон, Франкфурт, Њујорк и Сиетл, привлече бројна публика. /крај/хн/ст