Промовирана книгата „Колекционер“ на Драган Таневски во Илинден

Промовирана книгата „Колекционер“ на Драган Таневски во Илинден

 

Во организација на Културно едукативниот центар „Илинден“, пред поголем број љубители на пишаниот збор, меѓу кои и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, во Домот на култура „Илинден“ беше промовиран третиот дел од книгата „Колекционер“, на писателот Драган Таневски.

Извадоци од книгата читаа ученици што ги посетуваат бесплатните курсеви што ги организира КЕЦ „Илинден“, а со Таневски и неговото творештво присутните беа запознаени преку интересно мини-интервју со авторот.

Драган Таневски е роден во Скопје и досега има издадено шест книги. Во рамките на промоцијата, 15 примероци од неговата колекција книги тој и подари на Општинската библиотека „Илинден“.

Во насока на подигнување на квалитетот на образовниот процес, а со цел младата популација да се здобие со нови образовни и културни вредности КЕЦ „Илинден“ веќе 12 години по ред успешно ги реализира бесплатните курсеви за учениците од Општина Илинден./крај/со/бб