Филмска магија со ѕвездата на саксофонот Ејми Диксон во Скопје

Филмска магија со ѕвездата на саксофонот Ејми Диксон во Скопје

 

Два пати номинирана за престижната награда „Греми“ и една од најдобрите саксофонистки денес, Ејми Диксон од Австралија, доаѓа во Скопје.

Во четврток, во Домот на АРМ во 20 часот, повеќенаградуваната и харизматична Ејми Диксон, ќе настапи како солист на концертот „Алхемија“ со оркестарот на Македонската филхармонија. Првата саксофонистка и првата Австралијка што ја добила наградата Класик „Брит“, во Скопје за прв пат ќе го изведе Концертот за амплифицирана обоа и оркестар од современиот австралиски композитор Греам Коне – „Забава за време на лет“.
Мегапопуларната Ејми Диксон се фокусира на современата и филмската музика, и во нејзиниот репертоар се наоѓаат дела на врвните современи композитори како Филип Глас, Мајкл Најман, Мајкл Кејмен, Џон Вилијамс…

Концертот „Алхемија“ ќе донесе музика со филмска магија, а се одржува во чест на празникот на жената 8 Март.

Диригент е врвниот маестро Кејс Скалионе, под чија палка оркестарот на Македонската филхармонија премиерно ќе го изведе делото „Четири парафрази за симфониски оркестар“ од младата македонска композиторка Теа Богатинова, како и Симфонијата бр. 6 наречена „Пасторална“ од музичкиот гениј Лудвиг ван Бетовен./крај/со/бб