МАКФАКС

Ѕвездите од The Big Bang Theory се откажаа од дел од хонорарите за колешките да земат повисоки плати

Ѕвездите од The Big Bang Theory се откажаа од дел од хонорарите за колешките да земат повисоки плати
03.03.2017, 13:31

 

Актерската екипа на популарната американска хумористична серија The Big Bang Theory покажа голема колегијалност во новите преговори за платите за следните две сезони.

Оригиналната постава на главни актери вклучува пет ѕвезди и тоа Цим Парсонс, Кунал Најар, Симон Хелберг, Кели Куко и Џони Галеки. Сите тие заработуваат вртоглави милиони долари по епизода додека нивните колешки Мајим Бјалик и Мелиса Рауч, добиваат помала плата.

Бјалик, која ја глуми девојката на Шелдон Купер и Рауч, која ја глуми сопругата на Хауард, заработуваат по 200.000 долари по епизода. Иако, на познатата екипа им се прилкучија во третата сезона од серијата, до десеттата, која се прикажува во моментот, тие се неизоставен дел од серијата и се исто важни колку првичните петмина. Затоа тој расчекор во платите е неверојатен.

Од тие причини, петмината главни актери во договор со продуцентите одлучиле секој да се откаже од по 100.000 долари заработка, а со тоа Бјалик и Рауч ќе добијат плата од 450.000 долари по епизода. Преговорите почнаа оваа недела, пишуваат медиумите./крај/ј/бб

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *