Култура
Промоција на монографија и документарен филм за „Копачката“
Патот на орото „Копачка“, од соборот во пијанечкото село Драмче преку многубројните домашни и светски фестивали, па сé до УНЕСКО е забележан во монографија и во документарен филм, кои беа промовирани во саботата.
По повод двегодишнината од впишувањето на „Копачката“ во УНЕСКО, денеска во Спомен-домот АСНОМ во Делчево пред многубројна публика и гости од Министерствто за култура, беа промовирани овие два значјани документи кои ќе останат да сведочат на идните генерации за живото оро „Копачка“ кое со векови се игра на овие простори.
Авторот на монографијата Димитар Узунски, кој 58 години ја води „Копачката“ на фолклорната сцена, своите спомени, стари фотографии, згоди и незгоди, ги преточи во првата монографија за „Копачката“.
„Посебно сум горд што успеав да истраам и да ги сочувам и документирам сите мои спомени поврзани од ‘Копачката’. Уште во 1960 година, кога првпат ги видов старите играорци како ја играат ‘Копачката’ на една свадба во селото Драмче, и како одекнуваа тапаните од околните ридови, бев сигурен дека таа уметност на тапанџиите и на играорците заслужува добра промоција и дава перспектива да излезе орото ‘Копачка’ и надвор од Пијанец“, рече Узунски.
Додаде дека грижливо ги чувал сите фотографии од нивните настапи, сите натписи во весници, а на монографијата работел цел живот.
Монографијата и документарниот филм се докумети кои остануваат на идните генерации, потенцираа рецензентите на монографијата м-р Ивона Опетчевска-Татарчевска од Управата за заштита на културното наследство и д-р Велика Стојкова-Серафимовска, од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.
„д посебно значење е монографијата на авторот Димитар Узунски, бидејќи го претставува неговиот животен пат со „Копачката“, од неговото запознавање со „Копачката“ и до ден денешен она што го поминува со неа. Станува збор за исклучително богата монографија со многу прецизно водена архива и ние сме исклучително среќни што имаме мжност да ја промовираме“, истакна м-р Ивона Опетчевска- Татарчевска.
За д-р Велика Стојкова-Серафимовска од Институт за фолклор„ Марко Цепенков“ и двата производи и филмот и книгата се од огромно значење за архивирање на целиот процес на впишување на Копачката во УНЕСКО.
„Ние сме горди на ‘Копачката’ и на Делчево, бидејќи се сфати вредноста на овој чин на впишување во УНЕСКО. Тоа може да се види и во самиот филм кој претставува на еден начин видео документиран материјал за целиот процес кој траеше од 2010 година, но и многу порано од кога се роди иницијативата. Овој филм може да ни го покаже моментот на упорност, посветеност и љубов, дека она што се предлага за УНЕСКО е заслужно и вредно да влезе на оваа репрезентативна листа“, рече Стојкова-Серафимовска.
Копачката сега е пред предизвик да се докаже одржливоста на орото, истака Перса Стојановска, секретар на Здруженето „Копачка“.
„Ние и годинава со поддршка на Минситерството за култура ќе работиме на низа проекти со кои докажуваме дека орото „Копачка“ е живо оро. Еден од нив е и „Копачката и соборите“, каде на терен ќе ги следиме сите модофикации на орото по што планираме да издадеме уште една публикација, рече Стојановска.
По повод двегодишнината од Копачката во УНЕСКО, на поединци и фирми поддржувачи на „Копаката“ им беа доделени благодарници. Благодарница доби и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Националниот џез оркестар со програмата Џез лектира гостува во Велес
По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов „Џез лектира“ гостува во Велес. Концертот ќе се одржи на 23 април, 2024 година, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.
„На концертот „Џез Лектира“ се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како „Кралот на свингот“. Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично“, се наведува во соопштението на Националниот џез оркестар.
Култура
Костадиновска-Стојчевска: Саемот на книгата, во време на емотикони, е во одбрана на раскажувачите и писменоста
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во арената „Борис Трајковски“ на отворањето на 36. издание на Саемот на книгата порача дека Министерството за култура, како покровител на овој, како што рече, „празник на книгата“, останува голем пријател и силен поддржувач на ова наше богатство.
„На годишните конкурси, од година во година, импресивен е бројот на сè повеќе пријавени квалитетни дела и од млади македонски автори. И тоа искрено нè радува. Како што нè радува и зголемениот интерес за создавање многубројни наслови и публикации за деца. Без двоумење ја добиваат нашата поддршка зашто во овие модерни времиња во кои има сè помалку зборови, а сè повеќе кратенки и емотикони, раскажувачите на приказни се чувари на писменоста“, рече министерката за култура.
Во присуство на голем број љубители на пишаниот збор, Костадиновска-Стојчевска порача дека во виртуелниот свет го нема овој опоен мирис на книгата. Само во реалниот свет, ова богатство од книги на македонски јазик од домашни и од странски автори го испишува овој простор во уште една „Приказна која се чита“.
Саемите за книги во последните години, според некои автори, кажа министерката дека прераснаа во едукативни и културни настани кои даваат можност за вмрежување преку негување на врските меѓу авторите, издавачите и читателите. Истовремено радува и сè поголемиот број посетители, што само по себе зборува многу за односот кон книгата.
Триесет и шестото издание на Саемот на книгата, што ќе трае до 24 април, во седумте саемски денови ќе понуди книги од домашни и од странски автори од над 60 издавачки куќи од земјава и од регионот.
Култура
Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија
„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.
„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.
„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.
Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.
Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.
Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.
Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.