Македонскиот „Мјузик прогресив квартет“ ќе настапи во САД

Македонскиот „Мјузик прогресив квартет“ ќе настапи во САД

Македонскиот „Мјузик прогресив квартет“ ќе настапи во Њујорк и во Бостон

Македонскиот „Мјузик прогресив квартет“ ќе настапи во Њујорк и во Бостон. По три години квартетот повторно ќе има самостојни концертни настапи во САД.„Мјузик прогресив квартет“, кој е составен од македонските уметници Владимир Лазаревски, Владимир Крстев, Марко Виденовиќ и Паскал Краповски, на 17-ти март ќе настапи во Ensemble Studio Theater во Њујорк. На 19-ти март квартетот ќе има свој настап во Бостон, по покана од  меѓународниот музички фестивал „Балкан мјузик најт“, кој се одржува по 26 – ти пат.На концертите во Њујорк и во Бостон, „Мјузик прогресив квартет“ ќе изведат композиции кои ќе се  најдат на нивниот следен носач на звук, но и композиции од нивниот претходен албум. Квартетот досега има настапувано во: Австрија, Бугарија, Србија, САД, Русија, Италија, како и повеќе концерти во Македонија./крај/т.д.