МАКФАКС

Во двор откриена одамна исчезнатата статуа на британската кралица

Во двор откриена одамна исчезнатата статуа на британската кралица
14.02.2017, 00:07

Статуата на британската кралица Викторија којашто исчезнала од зградата на парламентот пред повеќе од сто години е пронајден во дворното земјиште на југот од Англија.

Статуата со височина од речиси 170 сантиметри, веројатно била преместена од парламентот во текот на неговото реставрирање кон крајот на XIX и XX век, пишува во понеделникот весникот The Telegraph. Тогаш членовите на парламентот добиле право да ги откупуваат статуите или другите архитектонски елементи коишто поради неповолните дејствувања на временските услови ја загубиле оригиналната форма.

Статуата на кралицата Викторија била пронајдена меѓу грмушки на локалитет во грофовијата Хемшир, во куќа која претходно му припаѓала на ден од потомците на поранешниот премиер Вилијам Голдстон, којшто, како што се претпоставува, најверојатно ја земал од парламентот.

Статуата ќе биде понудена на наддавање како уметнички експонат, а нејзината почетна цена се проценува на околу десет илјади фунти.

Нејзиното откривање всушност се случило при рутинска проверка од страна на експерти на аукциска куќа на локалитетот оддалечен на само повеќе од сто километри од Вестминстерската палата.

Сегашниот сопственикот на имотот во местото Рингвуд, вели дека статуата била на тоа место уште кога ја купиле куќата во 1971 година, и оттогаш останала да стои во задниот дел од нивниот двор./крај/мф/сн

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *